Почетна / Вести Македонија (page 49)

Вести Македонија

Јадеме свежо месо старо 18 месеци

Замрзнато, па одмрзнато месо се продава како свежо во македонските месарници. Иако покрај секое парче месо треба да стои декларација на која мора да стои потеклото и фактот дека веќе е еднаш одмрзнато, во помалите месарници низ земјава законската обврска не се почитува.

Прочитај повеќе

Вранецот на Тиквеш ја освојува Данска

Винаријата Тиквеш” го пробива македонското вино на скандинавскиот пазар. Како што вели генералниот директор на ВВ Тиквеш”, Игор Илиевски, 80.000 шишиња од категоријата висококвалитетни вина Вранец спешл селекшнн од бербата 2011, ќе извезат во Данска. 

Прочитај повеќе

Фрлени 25 илјади единки подмладок на пастрмка

Охридското Езеро денеска е порибено со 25 илјади единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, како дел од обврските на концесионерот Пастрмка 20122, уредени со договорот со концесионерство на риболовното подрачје Охридско Езеро за рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

7.000 риби крап пуштени во Вардар кај Велес

Над 7.000 риби крап со тежина од 450 килограми, вчера беа пуштени во Вардар кај Мало Мовче, во Велес. Порибувањето го извши Здружението на спортски риболовци Бабунаа кои се концесионери на езерото Младостт и реките Вардар, Бабуна и Тополка. За рибите спортското друштво вложи 2.500 евра.

Прочитај повеќе

Нови мини-винарии ќе се градат во охридскиот регион

Во рамки на Проектот на Владата за изградба на мини-винарии, како активности насочени кон подобрување на севкупната туристичка понуда на земјата, но и како можност за отворање нови работни места, во охридскиот регион ќе се градат четири нови винарии.

Прочитај повеќе

Доделени првите лиценци за проценители од областа на земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги додели првите лиценци за проценители од областа 3емјоделство, на Трговски друштва кои ги исполнија условите од Законот за процена за добивање на лиценци и дадоа свечена изјава за примена на правилата содржани во Кодексот на етика и на професионалните стандарди. Во име на …

Прочитај повеќе