Почетна / Вести Македонија / 7.000 риби крап пуштени во Вардар кај Велес

7.000 риби крап пуштени во Вардар кај Велес

Над 7.000 риби крап со тежина од 450 килограми, вчера беа пуштени во Вардар кај Мало Мовче, во Велес. Порибувањето го извши Здружението на спортски риболовци Бабунаа кои се концесионери на езерото Младостт и реките Вардар, Бабуна и Тополка. За рибите спортското друштво вложи 2.500 евра.

– Во наредниве два до три месеци ќе биде забранет лов на крап на овој дел од Вардар. Секој што ќе биде затечен со ваков улов ќе плати казна од по 1.000 денари за секое парче – вели Ѕвонко Мечалов претседател на Здружението на спортски риболовци Бабунаа.
Порибувањето е согласно договорот за концесија од шест години. Добрите познавачи велат дека рибниот фонд во Вардар е во лоша состојба. Последното порибување било пред десет години.
– Пред десетина години беше извршено последното порибување. Ова е поволен период за порибување, особено за крапот. Нему не му сметаат ниските температури – вели Мечалов.
Акцијата за порибување на Вардар ја поддржа и градоначалникот на Велес Горан Петров. 
– Нас, како велешани Вардар ни нуди убави спомени. Затоа јас ја поддржувам оваа акција за порибување. Искрено се надевам дека нашите сограѓани нема нелегално да ја ловат – вели Петров.
Од ЗСР Бабунаа велат дека порибувањето тука нема да заврши. Наредната недела ќе биде извршено порибување на Вардар и на езерото Младотт. (С.А.)

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=3C78F71405FFCF4A8C684FA7E2E69BB9

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …