Почетна / Вести Македонија / Qélianet започнува да работи во Македонија

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост.

Почитувани, Ви се обраќам за да ве информирам дека имаме постигнато договор со холандска компанија базирана во Амстердам за да се започне проект од светски рамки тука во Македонија, односно проектот започнува од Охрид и ќе се прошири низ цела Македонија, а потоа Холандија, Англија, САД каде веќе имаме некои контакти за започнување на проектот.

 

Ние сме двајца дипломирани информатичари од Охрид кои претходно соработуваа со компанијата и веќе од пред некое време сме Team Lead на новиот проект кој е планиран да биде од светски рамки. Организацијата која е оформена се нарекува Qélianet и ги пронаоѓа локалните ресурси и гради лична репутација на производители на храна, пијалок, производи за здравје и убавина, занаетчиски дејности итн. Може да се пофалиме дека сме прва организација со овој концепт. Моментално градиме база на производители од една страна и специјалитети на рестораните со нивните состојки од друга страна. Ние ги спојуваме и поврзуваме производителите со рестораните и заинтересираните за нивните производи. Имаме 3 веб страни: На www.qloche.com може да се пронајдат најдобрите специјалитети на рестораните заедно со нивните состојки. На www.qelia.com се наоѓаат светските региони со традиционално производство на некој продукт како и профили на производителите од тој регион. www.qelia.net е за бизнис и бренд партнери кои сакаат да помогнат во реализирањето на овој проект. Исто така имаме постигнато соработка со угостителското училиште во Охрид за учениците да се запознаат со концептот и да учествуваат во давање идеи во работата на организацијата. Обраќањето ми е со цел доколку сте заинтересирани да ја објавите оваа информација на вашиот портал. Ви благодарам. Поздрав, Никола

Check Also

Продолжува владината поддршка за производството на ориз

Владата ќе продолжи да го поддржува производството на ориз преку директните субвенции од 11.000 денари …