Почетна / Вести Македонија / Фрлени 25 илјади единки подмладок на пастрмка

Фрлени 25 илјади единки подмладок на пастрмка

Охридското Езеро денеска е порибено со 25 илјади единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, како дел од обврските на концесионерот Пастрмка 20122, уредени со договорот со концесионерство на риболовното подрачје Охридско Езеро за рекреативен риболов.

Директорот на Хидробиолошкиот завод од Охрид, Сузана Патчева појасни дека станува збор за порибување на езерото со единки на возраст од десет месеци, осум и пол месеци прихранувани во инсталациите за одгледување во самата установа.
– Нивната просечна тежина е околу пет грама, со должина до осум сантиметри – рече таа додавајќи дека се работи за подмладок во одлична здравствена состојба, со можност за преживување до 95%. 
Ристе Танасоски, сопственик на Пастрмка 20122 што стопанисува со рибниот фонд во Езерото, истакна дека моментално физичката заштита на Охридското Езеро ја спроведуваат 26 рибочувари од кои 12 вработени од нивна страна како концесионери, а останатите се времено ангажирани лица.
– Таква физичка заштита на езерото досега немало. Веќе се набавени двогледи со ноќни визири, а во тек се активности за опремување на рибочуварската службата со видео и аудио опрема за надгледување – рече Танасоски.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=3F10A6649C0D0344BFCE72C7001C570D

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …