Битолската млекарница БиМилкк одбележа 60 години од денот на основањето во 1952 година, кога повеќе трговски претпријатија се здружија и го формираа тогашното претпријатие Млекарр-Битола.
Претседателот на групацијата Данубе-фудсс, Слободан Петровиќ на средбата со новинарите истакна дека нивните истражувања во трговската мрежа потврдиле дека кога ќе се каже зборот Битолскоо тогаш се помислува на млеко, односно на традиционалните млечни производи на БиМилкк.
Генералниот директор на Млекараа Битола, Роко Водопија посочи дека производите на БиМилкк денес ги има и надвор од државната граница затоа што битолската млекарница е единствената компанија со сертификат во Република Македонија со доделен извозен број за Европската Унија.
– Традиционалните производи се развиваа, го менуваа својот изглед и за краток период прераснаа во марка со препознатлив имиџ, а Млекараа-Битола прерасна во национален откупувач на млеко и во почитуван преработувачки капацитет на млеко, кој пласира различни висококвалитетни производи на македонскиот пазар. БиМилкк е успешна македонска деловна приказна, синоним за квалитет – рече Водопија.
Во портфолиото на млекарницата се 54 најразлични млечни производи, потврдена соработка со повеќе од 1.400 кооперанти, извоз на пазарите во ЕУ, Хрватска, Србија, Косово, но и во САД и Канада. Битолската млекарница во последниве две години изврши набавка и на 700 висококвалитетни јуници од расата Сименталл од Австрија кои им овозможија на фармерите да ја зголемат својата продукција од 3.000 на 5.000 литри млеко со извонреден квалитет.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=E357FA5DE4572540B25F385D1FC15D66