Почетна / Вести Македонија / Доделени првите лиценци за проценители од областа на земјоделството

Доделени првите лиценци за проценители од областа на земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги додели првите лиценци за проценители од областа 3емјоделство, на Трговски друштва кои ги исполнија условите од Законот за процена за добивање на лиценци и дадоа свечена изјава за примена на правилата содржани во Кодексот на етика и на професионалните стандарди.

Во име на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Секретарот на Комисијата за полагање на стручен испит за проценувач за процена на вредноста на средствата во земјоделството, Драган Атанасовски, ги додели првите лиценци од областа земјоделство.

Со издвање на лиценците од областа земјоделство, процената на вредноста на средствата во земјоделството ќе ја вршат проценители кои што ги исполнија условите од Законот за процена, и ќе можат да вршат проценка на територијата на целата држава за дејноста за која имаат лиценца.

Извор: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1C96213F563305419822413FD90385DC

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …