Најдоброто од македонската винска индустрија денеска во Њу Џерси ќе го промовираат шест винарии – Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Камник и Попова Кула.
Прочитај повеќеКонференцијата за предизвиците на жената претприемач во руралната средина
Во Кочани денеска ќе се одржи конференција на тема „Предизвиците на жената-претприемач во руралната средина“, во организација на Федерацијата на фармери на Македонија и Мрежата за рурален развој на Македонија.
Прочитај повеќеХЕЉДА ОД ХИМАЛАИТЕ НИКНУВА НА ВИТАЧЕВО
Поле со ретко азиско растение со бакарна боја карактеристично за Хималаите, го привлекува вниманието на сите што се движат по висорамнината Витачево кај Kавадарци. Веќе втора година по ред комбајнот го жнее растението од кое се добива безглутенско брашно што се користи во исхраната.
Прочитај повеќеПоддршка од 150 милиони денари за модернизација на земјоделството
Сто и педесет милиони денари ќе добијат финансиска поддршка земјоделците кои склучуваат договори со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за модернизација на земјоделските стопанства, односно за трактори и приклучна механизација и за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.
Прочитај повеќеТегла мед колку килограм месо
Во моментот во Босна и Херцеговина тегла од овој здрав производ се продава за 10 евра, во Србија чини 13 евра, додека во земјава квалитетниот мед е од 250 до 300 денари.
Прочитај повеќеНа плантажите во Пехчево почна бербата на аронија
На плантажите на Равна Река кај Пехчево почна бербата на аронија од годинашнава реколта. Според очекувањата на сопствениците, годинашниов род ќе тежи околу 4.000 килограми.
Прочитај повеќеЛубениците го преплавија Егри оти нема кој да ги купи
Бостанот ќе презрее по нивите зашто нема кој да го купи, се жали Борче Ристевски, еден од најголемите произведувачи на лубеници во битолското село Егри.
Прочитај повеќеГрозјето годинава доби двојна доза пестициди
Ако во изминатите години лозјата ги третиравме со хемија по 3-4 пати, годинава некои од нас, поради дождливото време и појавата на болести, прскаат со разни видови хемиски препарати дури и 9 пати, велат лозарите.
Прочитај повеќеТрајно се губат кочанскиот ориз и струмичката кикиритка
Црвени големи домати, пиперки со примамлива боја, големи праски или кромид се присутни на домашниот пазар. Но често тие немаат ниту мирис ниту вкус и освен по формата и специфичниот облик, по ништо друго не можете да препознаете што купувате.
Прочитај повеќеФФРМ: Би било многу подобро кога би се постигнал договор за слободна трговија со Русија
Македонските конзервирани производи може да бидат конкуренти на рускиот пазар. Ова е ставот на Федерацијата на фармери кои идниот месец ќе носат земјоделци и преработувачи на московскиот саем за храна.
Прочитај повеќе