Почетна / Вести Македонија / На плантажите во Пехчево почна бербата на аронија

На плантажите во Пехчево почна бербата на аронија

На плантажите на Равна Река кај Пехчево почна бербата на аронија од годинашнава реколта. Според очекувањата на сопствениците, годинашниов род ќе тежи околу 4.000 килограми. 

 

Цената на еден килограм свежа аронија на македонскиот пазар се движи од 5 до 8 евра, а на пазарите во европските земји достигнува и до 20 евра. 

Во соработка со Институтот за овоштарство и Факултетите за земјоделство и храна, сопственикот Ѓорѓи Поповски во рамките на плантажата на Равна Река има формирано репроцентар за аронија од кој годишно на заинтересираните овоштари им испорачува по околу 2.000 садници. 

– Аронијата е овошна култура за која пијанечко-малешевското поднебје има идеални почвено-климатски услови за одгледување – вели Поповски и очекува поголем интерес за нејзино ширење, пред с` од младите земјоделци. 

Аронијата освен во Малешевско се одгледува и во други места во Македонија.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …