Почетна / Вести Свет / Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија бактерии што ја загрозуваат бербата.

Шпанија е најголем светски произведувач на маслиново масло, пред Италија, а во нејзината покраина Андалузија, која е најпогодена со сушата, се произведуваат околу 45 отсто од вкупното производство на „жолтото злато“, пишува швајцарскиот весник „24 часа“.

Соочени со ризикот од драстично намалена берба годинава, пазарот веќе реагира, па само последниве неколку недели цената на екстра-девственото масло порасна од 2,40 на 2,70 евра за килограм, според податоците на Инваолив.

Во ова здружение нагласуваат дека цената на маслиновото масло последниве десет години изнесува во просек 2,45 евра за килограм. Произведувачите и аналитичарите во секторот предвидуваат дека цените сигурно дополнително ќе скокнат во следните месеци, но с` уште не изнесуваат прецизни податоци.

За разлика од Шпанија, која се бори со недостиг од дожд, во Италија главната опасност за родот доаѓа од бактеријата „хилела фастидиоса“ и, според зборовите на еден производител во регионот на Апулија, југоисточна Италија, приносите ќе бидат значително помали со самото тоа и производството на масло, а цените, по негова оценка, би можеле да бидат поголеми за 30-40 отсто. 

Во Шпанија лани биле произведени 1,77 милион тони маслинки, што претставуваше пораст од дури 40 отсто во споредба со просечната берба од претходните години. Годинава се смета на производство од само 800.000 до милион тони.

Kако што наведува истиот извор, според податоците на Меѓународното здружение за маслинарство, без оглед на обемот на производството, потрошувачката на маслиново масло во светот постојано расте и за последниве 20 години е зголемена за 60 отсто, а за ваквата динамика најмногу придонесоа Kина, САД, Австралија и Kанада.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …