Почетна / Вести Свет / Франција повторно најголем произведувач на вино

Франција повторно најголем произведувач на вино

Вкупното годинашно производство на вино падна за 6 отсто во споредба со лани, но затоа потрошувачката остана стабилна, а Франција повторно стана лидер во производството.

Таа во 2012 година падна на втора позиција. Годинава второто место го зазеде Италија, а Шпанија ја задржа третата позиција, пренесе францускиот лист „Монд“.

Очекуваното годишно производство на вино во Франција е 46,2 милиони хектолитри, што е за 10 отсто повеќе отколку во 2013 година, соопшти Меѓународната организација на производители на вино (ОИВ). 

Годинашново производство на италијанско вино потфрли за 15 отсто во споредба со лани и изнесува 44,4 милиони хектолитри. Шпанското производство, кое лани беше рекордно, годинава падна на 37 милони хектолитри. Поради лошото време, особено потфрлија бербите на грозје во Бугарија, Романија и во Словачка, а Германија забележа раст во производството на вино од 16 отсто, на 9,7 милиони хектолитри. 

САД избија на четврто место по производство на вино во 2014 година со 22,4 милиона хектолитри и покрај земјотресите и незапаметената суша во Kалифорнија. Се очекува годинашново светско производство на вино да падне за 6 отсто од ланските 287,6 на 271 милион хектолитри. Потрошувачката ќе остане на стабилно ниво од 243 милиони хектолитри.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …