Македонските конзервирани производи може да бидат конкуренти на рускиот пазар. Ова е ставот на Федерацијата на фармери кои идниот месец ќе носат земјоделци и преработувачи на московскиот саем за храна.
За Никола Стаменов, учеството на македонските фармери и преработувачи на овој саем ќе биде одлична можност да се направат деловни контакти за можен извоз на конзервирани преработките од зеленчук и овошје, откако Русија воведе забрана за увоз на храна од земјите на ЕУ и САД.
Преставниците од конзервно преработувачката индустрија велат дека нивни производи веќе се на рускиот пазар, но доколку се потпише договор за слободна трговија со руската федерација работите ке бидат далеку подобри.
Драган Ѓеоргиев од радовишката „Бест фуд“ тврди дека и со царини македонскиот зеленчук и овошје, но и нивни преработки се извезуваат, но доколку се симнат царините, речиси 90 насто од македонското кознервно преработувачко производство ќе оди за рускиот пазар.
Неодамна и Стопанската комора побара од надлежните да потпишат договор за слободна трговија со Русија со цел македонското производство да биде поконкурентно на огромниот руски пазар.
Извор: dnevnik.mk