Почетна / Вести Македонија / Промоција на македонски вина во Њу Џерси

Промоција на македонски вина во Њу Џерси

Најдоброто од македонската винска индустрија денеска во Њу Џерси ќе го промовираат шест винарии – Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Камник и Попова Кула.

Винарите цела недела, со поддршка на здружението „Вина од Македонија“,  престојуваат во САД, еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино каде извозот секоја година повеќекратно расте.

Завчера ги преставија своите производи во еден од елитните ресторани во Њујорк пред увозници, дистибутери, претставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомнелиери.

Промовирањето на македонските вина финансиски го овозможи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а организацијата ја помогнаа Конзулатот на РМ во Њујорк, како и економскиот промотор во Чикаго.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …