Во Кочани денеска ќе се одржи конференција на тема „Предизвиците на жената-претприемач во руралната средина“, во организација на Федерацијата на фармери на Македонија и Мрежата за рурален развој на Македонија.
Самиот настан има за цел да го поттикне претприемништвото кај руралната жена и да се согледаат проблемите и предизвиците на овие маргинализирани групи кои ги имаат во руралните средини во делот на претприемништвото.
На Конференцијата „Предизвиците на жената – претприемач во руралната средина“ претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе имаат презентација на ИПАРД програмата.
На конференцијата поканети се жени–фармери, жени – претприемачи, но и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.
Извор: kurir.mk