Со последните измени на ИПАРД програмата земјоделците ќе можат да аплицираат за купување на најсовремена механизација и за изградба на нови капацитети, а не само за реновирање, како што беше до сега.
Прочитај повеќеВелешкото кромитче оди како алва
Младиот кромид од Велешко е баран на трпезите во странство. Над 250 тони млад кромид веќе е продаден, а деновиве уште 300 тони ќе се најдат на трпезите во Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора и Словенија.
Прочитај повеќеВинарниците уште во март се растрчаа по грозје
Лидерот на лозарите, Љупчо Аризанов, потврдува дека уште сега се нудат договори за откуп на грозје оти винарските визби се главно празни, но препорачува лозарите да внимаваат што потпишуваат.
Прочитај повеќеМакедонските винарии на саем за вино Провајн
Девет македонски винарии учествуваат на саемот за вино “Провајн” во Дизелдорф, Германија. “Тиквеш”, “Сковин”, “Стоби”, “Далвина”, “Бовин”, “Камник”, “Езимит”, “Дудин” и “Попова Кула” на македонскиот национален штанд ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет.
Прочитај повеќеСо трпение земјоделците може да добијат европски пари
Процедурата предвидува поднесување профактура и апликација за добивање помош во Платежната агенција, па ако ја одобрат помошта, се потпишува договор. Потоа си ја плаќаш опремата или тоа за што ја добиваш помошта и чекаш да ти вратат 50 отсто од вредноста на инвестицијата, објаснува Диме Илиев, земјоделец од Kавадарци.
Прочитај повеќеЗадругите сè поатрактивни за земјоделците
Веќе функционираат осумнаесет кооперативи формирани по стариот закон, а по новиот се отворија уште дваесетина, но, сепак, бројката е занемарлива ако се знае дека во земјава има околу 70.000 земјоделци што самостојно вршат дејност.
Прочитај повеќеЌе се прошируваат хидросистемите за наводнување
Државата ќе вложи над 80 милиони евра во проширување и реновирање на системите за наводнување на земјоделските површини, со цел да се добијат поголеми принос.
Прочитај повеќеВелешките тутунопроизводители ги добија владините субвенции
Велешките тутунопроизводители ги добија владините субвенции. На 1.450-те тутунопроизводители, кои предадоа 1.386 тони тутун, во изминативе две дена им се исплатени 84.546.000 денари или за секој предаден килограм по едно евро.
Прочитај повеќеПо тутунарите, субвенции и за поледелците
Буџетот е во добра кондиција и затоа Владата продолжува да ги поддржува земјоделците. Ова од Прилеп го порача вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој истакна дека од вчера е почната исплатата на субвенциите за поледелците.
Прочитај повеќеСадници со бели рози за почист воздух
Општината Ѓорче Петров се приклучува кон акцијата за засадување на садници на бели рози, следејќи ја иницијативата за прогласување на градот Скопје за град на белата роза.
Прочитај повеќе
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија