Во Пониква е предвидена изградба на 135 викенд-куќи, 12 комерцијални објекти и спортски терени. Во Берово на првата локација ќе се гради етно-комплекс, наменет за алтернативен и здравствен туризам. Во Крушево, на три помали локации, ќе се градат хотелски единици. Во Голак, Делчево ќе се гради викенд-населба и туристички комплекс.
Прочитај повеќеДо крајот на годинава литар зејтин – 120 денари
Горан Лазов, прв човек на фабриката за масло “Благој Ѓорев” од Велес, очекува во маркетите до крајот на годинава литар масло да се продава по 120 денари.
Прочитај повеќеОсумдесет фармери во посета на Саемот за земјоделство во Бурса
Група од осумдесет фармери и бизнисмени, во организација на Федерацијата на фармерите на РМ и ТУЈАП ФЕРС, се во посета на земјоделскиот саем во Бурса- Турција, која е една од најголемите меѓународни саемски манифестации.
Прочитај повеќеАмонијак и фосфор ги уништија пастрмките во Темница
Енормни количини амонијак и фосфор во водите на реката Темница пред две недели предизвикаа помор на пет тони пастрмка, покажаа резултатите од испитувањето што го изврши Државниот инспекторат за животна средина. Директорот Фирус Мемет вели дека во водите на оваа река, која е притока на Треска, во моментот на поморот …
Прочитај повеќеПреспа тежи од јаболка
Со откинување на првото јаболко во овоштарниците на „Агроплод“ во Преспа вчера и традиционално почна годинашниот јаболкобер. Земјоделците се задоволни зашто толку богат род не паметат со години наназад.
Прочитај повеќеНа улица “Македонија” дегустација на мед
На улицата се поставени 35 штандови на пчелари од цела Македонија, на кои се изложени и презентирани сите можни пчелни производи. Мед, матичен млеч, перга, восок, полен и прополис се само дел од нив.
Прочитај повеќеСтрежево ја брендира пастрмката
Јавното претпријатие „Стрежево“ ќе ја брендира пастрмката што ја одгледува во рибникот крај Стрежевското Езеро во чист еколошки крај и по најсовремена технологија.
Прочитај повеќеПолитиката што ја води СДСМ е дволична и уништувачка!
Стечајците и земјоделците од повеќе градови вчераутро го блокираа центарот на Скопје со цел да го изразат незадоволството заради неизгласувањето на Законот за земјоделство и рурален развој и заради фактот што некои пратеници не го поддржале изгласувањето на овој закон.
Прочитај повеќе
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија