Група од осумдесет фармери и бизнисмени, во организација на Федерацијата на фармерите на РМ и ТУЈАП ФЕРС, се во посета на земјоделскиот саем во Бурса- Турција, која е една од најголемите меѓународни саемски манифестации.
На саемот кој се одржува по десетти пат ќе бидат презентирани најнови технологии од областа на земјоделството.
Целта на посетата на саемот е запознавање на земјоделците од РМ со новите технологии на производство со цел намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста, како и размена на искуства со турските фармери и институции од областа на земјоделството. На саемот присуствува и Зоран Коњановски, заменик-министер на РМ, Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ и Климе Белески, директор на институтот за земјоделство.
Извор:http://vecer.com.mk/?ItemID=CD887BE164255142B7CB294FECB7C305