Почетна / Вести Македонија / Велешките тутунопроизводители ги добија владините субвенции

Велешките тутунопроизводители ги добија владините субвенции

Велешките тутунопроизводители ги добија владините субвенции. На 1.450-те тутунопроизводители, кои предадоа 1.386 тони тутун, во изминативе две дена им се исплатени 84.546.000 денари или за секој предаден килограм по едно евро.

Тутунопроизводителите се многу задоволни и велат дека рационално ќе ги искористат парите.
-Навистина сме благодарни, оти Владата вети и исполни. Како земјоделец, одгледувам, покрај тутун и пченица, и јачмен. Минатата година имав дванаесет декари, а годинава тутун ќе засадам на 17 декари – вели производител од Горно Оризари.

Минатата година 1.450-те тутунопроизводители од Велес, Чашка и Градско под тутун имаа на 810 хектари. Според информациите од подрачната единица на Министерството за земјоделие, досега со откупните компании се склучени повеќе од 1.600 договори кои најавија дека под тутун ќе насадат 1.000 хектари што е за околу 200 хектари повеќе од лани. Најголеми површини под жолтото злато ќе бидат засадени во реонот на селата Бузалково, Горно Оризари, Иванковци, Извор, Чашка, Градско. Тутунопроизводителите велат дека подготовките на површините се при крај, а и леите под расад добро напредуваат.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …