Општината Ѓорче Петров се приклучува кон акцијата за засадување на садници на бели рози, следејќи ја иницијативата за прогласување на градот Скопје за град на белата роза.
Како едни од најдобрите пречистувачи на воздухот и почвата белите рози ќе бидат засадани на зелените јавни површини во целиот град.
Кон акцијата се приклучија и децата од основните училишта во општината преку изработка на креативни предмети.
Под мотото Купете роза, за да купиме розии денес по повод денот на екологијата од 10.00 до 12.00 часот ќе се организираат продажни изложби во сите основни училишта.
Учениците ќе ги изложат своите творби на повеќе продажни пунктови и тоа пред СП Планет, Тинекс (задниот влез), Реонскиот парк, Ново село, Волково и на автобуската постојка во населбата Даме Груев.
Средствата што ќе бидат собрани од продажната изложба, основните училишта ќе набават садници на бели рози кои ќе бидат насадени во дворовите на сите основните училишта во Општината Ѓорче Петров.
Извор: vecer.com.mk