Почетна / Вести Македонија (page 6)

Вести Македонија

Да се искројат лозјата погодени од градот

Веднаш да се пристапи кон кроење на виновите лози кои се од 90 до 100 отсто оштетени од градобитните зрна што удрија по нив во невремето што ја зафати Тиквешијата пред неколку дена. Ова е препораката што до лозарите од најлозарскиот регион во Македонија ја упатува Благоја Мишковски, професор по …

Прочитај повеќе

Преку компјутер ќе ја води целата фарма

Стеванчо Јордановски, фармер од прилепското село Мажучиште е еден од петнаесетте македонски земјоделци кои бесплатно ќе добијат софистицирана информатичка технологија и преку компјутер ќе можат да ги водат фармите.

Прочитај повеќе

Тутунски комбинат Прилеп очекува двојно зголемување на продажбата на цигари

Финансиско стабилизирање, вложување во фабриката и двојно поголема продажба на цигари најавува новото раководство на Тунтускиот комбинат Прилеп по потпишувањето на договорот со „Филип Морис“.

Прочитај повеќе

Стопанската комора им порачува на тутунарите да засеат помалку тутун годинава

Производството на тутун во земјата не е загрозено, но тутунопроизводителите мора да се придржуваат до договореното производство од 26.000 тони за реколтата 2014/2015 година, порачуваат од Стопанската комора на Македонија.

Прочитај повеќе

Имаме услови пилешко да произведуваме, но не знаеме како

Производството на пилешко месо е интегриран ланец и е многу сличен на производството на автомобили. За да се добие квалитетен производ потребни се многу добавувачи коишто треба да се поврзат во еден ланец, но, за жал, кај нас нема соработка меѓу сите нив. Големо влијание има и немањето на обртни …

Прочитај повеќе

Пријавување за земјоделски субвенции до 31 мај

Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај годинава, а од ресорното министерство апелираат сите што с` уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Прочитај повеќе

Македонските земјоделци на саемите во Измир и Нови Сад

Земјоделци од Македонија ќе имаат можност да ги посетат Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Србија, и Саемот за градинарски, полјоделски и овошни култури на отворено во Торбали – Измир, Турција.

Прочитај повеќе