Земјоделците да ја искористат секоја можност за заштита на посевите, редовно да ги прскаат особено поради најавата за нов бран врнежи во Македонија, велат агрометеоролозите.
Моментните услови поради високата влажност се особено погодни за развој на болести и штетници.
– За само еден до два дена може да се уништи целиот род зашто има премногу пламеница и пепелница. Тие може да направат катастрофа. Но, регистрирана е и појава на житна пијавица која тешко ќе се искорени зашто житата се веќе искласени, изјави Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи.
Под ризик се, додаде, и овошките и виновата лоза.
УХМР за ноќва прогнозира обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен.
Извор: vecer.com.mk