Почетна / Здрава храна / Зрнест извор на важни витамини и антиоксиданси

Зрнест извор на важни витамини и антиоксиданси

Со оглед на тоа што есента е сезона на грозјето, ви претставуваме и повеќе од добри причини зошто ова слатко зрнесто овошје е добро за вас и за вашето здравје.

 

Грозјето е одличен извор на витамини

Независно од видот на грозјето, можете да бидете сигурни дека неговите зрна се полни со важни витамини, како витаминот А, Ц, Б6 и фолна киселина. Околу 100 грама грозје задоволува 20-25 проценти од дневната потреба на организмот за витамин Ц.

Грозјето е богато со есенцијални минерали

Една од причините зошто грозјето е извор на здравје и зошто треба да биде дел од вашата исхрана се различните минерали кои вашето тело може да ги добие од овие плодови. Најзначајните минерали присутни во грозјето се манганот и калиумот. Овие минерали се неопходни за одржување на добро здравје, го намалуваат ризикот од хипертензија, помагаат при депресија и го зајакнуваат имунитетот. Останатите минерали кои ги содржи грозјето се бакар, цинк, калциум, фосфор, железо и селен.

 Грозјето го чува вашето срце

Најважната корисност која произлегува од консумацијата на грозје е богатството од антиоксиданси, односно фитонутриенти кои се нарекуваат полифеноли. Овие антиоксиданси се врзуваат со слободните радикали во вашето тело и ги чуваат крвните садови, со што се подобрува здравјето на вашето срце.

Важно е да се напомене дека семките и лушпата содржат најбогата концентрација на антиоксидансот ресвератрол, соединение кое го чува срцевиот мускул флексибилен и здрав.

Грозјето исто така содржи соединение наречено сапонин кое помага да се намали апсорпцијата на холестеролот и ги смирува запаленијата, со што се намалува ризикот од срцеви воспаленија.

Извор: http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/800864/index.html

Check Also

Дуња – кралица на есенските овошја

Дуњата е овошје кое не случајно ја нарековме кралица на есенските овошја. Дуњите започнуваат да …