Дуњата е овошје кое не случајно ја нарековме кралица на есенските овошја. Дуњите започнуваат да зреат од крајот на октомври, што значи веќе навлегуваме во сезоната кога ќе можеме да го пробаме нејзиниот вкус. Инаку таа потекнува од Азија, а старите народи ја нарекуваат симбол на плодноста, симбол на љубовта и среќата.
Од медицинска гледна точка дуњата е многу моќно растение. Таа има докажано дејство во лекување на кашлица, дијареа и одредени анемии. Нејзините мириси се навистина неодоливи па затоа може често да се сретне во етеричните масла. Ова не е новина судејќи по фактот дека уште старите Римјани ја користеле така што од неа правеле етерични масла, додека пак во Грција сите младенци морале да ја јадат бидејќи се сметало дека таа ќе им даде плодност.
Таа е многу ниско калорично растение, има малку калории и масти, а многу витамини и антиоксиданти. Навистина, само една изедена дуња е тотална витаминска бомба за организамот.
Од витамините таа содржи најмногу витамин Ц, но и провитамини на витаминот А, како и витамини од групата Б и нијацин. Од минералите богата е со натриум, калиум, калциум, бакар, магнезиум и многу други минерали.
Поради ова дуњата е навистина лековито овошје и тоа од корен до плод, бидејќи освен плодот лековити се и листовите, но особено лековите се семките, кои содржат специјални супстанци и танини, кои го помагаат метаболизамот и имаат антибактериско дејство.
Ова е само мал дела од лековитите својства на дуњата, па бидејќи сезоната на дуњата само што не започнала немојте да си дозволите да ги пропуштите корисните состојки која таа има да ви ги понуди.