Почетна / Вести Македонија / Објавен е повикот за поднесување барања за користење на ИПАРД средствата

Објавен е повикот за поднесување барања за користење на ИПАРД средствата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави седмиот Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

 

Средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија, и и диверзификација и развој на руралните економски активности.

Огласот ќе трае 45 дена, односно до 13 ноември 2012 година.

Целта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Огласите можете да ги најдете на следните линкови во македонска и албанска кратка и долга верзија:

Македонска верзија – КРАТКА
Македонска верзија – ДОЛГА

Албанска верзија – КРАТКА
Албанска верзија – ДОЛГА

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …