Денеска стартува втората фаза од откупот на тутунот, откако правата фаза од раниот предвремен откуп на тутунот заврши кон крајот на септември.
Од динамиката на откупот задоволен е ресорниот министер, Љупчо Димовски. Според него, иако временските услови не беа многу поволни, сепак и годинава тутунопроизводителите во законски предвидениот рок ќе ги добијат и субвенциите во висина од 60 денари за килограм предаден тутун. Министерот Димовски им посочи на тутунарите дека место за стравување нема, бидејќи ќе се вложат максимални напори и откупувачите навремено да ги исплаќаат парите. Тутунарите, пак, задоволни се од квалитетот на годинашниот род, пред се заради продолжената вегетација. Тие очекуваат тутунот годинава да се вреднува согласно квалитетот.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=AD2BF4FC75A92640AA3DC9DB57266EF3