По резултатите од тестовите на Чешката ветеринарна управа (СВС) која открила траги од коњска ДНК во говедски хамбургер со потекло од Полска и ќофтиња од говедско и свинско месо од Шведска, производите се стопирани и не се пуштаат во продажба.
Според изјавата на портпаролот на СВС, Јозеф Дубен информацијата е ставена и во системот за итно предупредување РАСФФ за останатите земји-членки на Европската унија. Хамбургерите ги продавала во компанијата БидВестт, а ќофтињата се служеле во рестораните на Икеаа. Двете сомнителни пратки од 760 килограми ќофтиња и 360 килограми хамбургери се запрени од понатамошна дистрибуција во продажната мрежа. Се проверува и колку месо од Ирска, кое е означено говедско, содржи коњско месо. Претходно, чешката инспекција пронајде недекларирано коњско месо во лазањи произведени во Луксембург.
Извор: vecer.com.mk