Шведската компанија ИКЕА е последната компанија која најави дека ќе престане со прдажба на некои од своите производи откако кај нив беа пронајдени траги од коњско месо.
Оваа компанија ги повлече говедските и свински ќофтиња од полиците во голем број продавници низ цела Европа откако беа направени анализи во Чешка.
Засега не се знае колкаво количество коњско месо содржеле ќофтињата.
Евроспкиот скандал избувна минатиот месец кога тестовите во Ирска покажаа дека некои говедски производи содржат коњско месо, што предизвика повлекување на голем број месни производи во повеќе земји во Европа и ја наруши довербата во комплексниот систем на прехранбената индустрија во Европа.
Извор: kurir.mk