Почетна / Лозарство и овоштарство / Добар откуп и пласман на јаболката

Добар откуп и пласман на јаболката

Производителите задоволни од годинашниот откуп и пласман на јаболката. Цената за килограм, се движи меѓу 15 и 20 денари во зависност од сортата.

Во Преспа се собрани од 80 до 100 илјади тони, кои се извезуваат за Србија, Русија, БиХ и Бугарија, а нешто помалку во Ирак. Според Менде Ивановски, производител од Преспа и претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, побарувачката на јаболка е огромна, но цените не се високи, бидејќи за ајдаред” се плаќа од 15 до 18 денари зависно од квалитетот, а за црвениот делишес само два денари повеќе.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=136B939B3530E940A2F74BDA25D97861

Check Also

Актинидија (киви)- Actinidia chinensis

Актинидијата потекнува од Кина од долините на реката Јанг це Кјан. Таа е дводомно растение, …