Почетна / Лозарство и овоштарство / Актинидија (киви)- Actinidia chinensis

Актинидија (киви)- Actinidia chinensis

Актинидијата потекнува од Кина од долините на реката Јанг це Кјан. Таа е дводомно растение, женските и машките цветови се наоѓаат на различни растенија.

Актинидијата во текот на зимското мирување може да поднесе температури и до -17 ⁰С, а во месец март температури веќе од -7 ⁰С до -8⁰С можат да го уништат растението.

Добро поднесува јака сончева светлина доколку влажноста на воздухот е над 40%. Суви, ладни и јаки ветрови и нанесуваат голема штета на актинидијата. Најмногу и одговара лесна, растресита  и длабока земја со рН вредност 5-6.

Плодовите содржат многу витамин С (200 до 350 mg/100 g), минерални материи (Fe, Ca ,P), протеини, јаглени хидрати и поради тоа го добиле името ,,плодови на здравјето”.

На актинидијата не и е потребна интензивна заштита од болести и штетници, со што нема резидуи од пестициди.

Check Also

Македонски вина претставени во Канадa

Македонски вина од винаријата „Далвина“ викендов беа претставени на традиционалниот меѓународен вински фестивал ,,Gourmet food&Wine …