По повод 28 Ноември – Денот на тиквата, градинката „Детска Радост“ од општина Гази Баба денеска организира „Тиквијада“. Во сите четири објекти на градинката – „Мимоза“, „Темјанушка“, „Сончоглед“ и „Калинка“, родителите носат рецепти и подготвуваат храна од тиква, тикварник, колачи, печена тиква…
Се организираат креативни работилници каде се изработуваат предмети во вид на тиква од хартија, картон, пластелин, глина, тесто…
На овие креативни работилници присуствуваше и градоначалникот на општината Тони Трајковски, кој со децата изработи детали од тиква.
Подготвената храна, производи и изработки од тиква децата ги продаваат по симболични цени. Средствата се наменети за набавка на играчки.