Почетна / Вести Македонија / По 300 денари годишно за чување нива од пет декари

По 300 денари годишно за чување нива од пет декари

Чување на нивите од пет декари годишно ќе чини 300 денари. Како што велат од Падарската служба во Кавадарци, цената на услугата расне со зголемување на површината.

– За чување земјоделски површини од 40 декари ќе се наплаќаат 2.400 денари годишно, а за површини поголеми од 40 декари падарината дополнително ќе се договара – изјави раководителот на службата Трајко Тасев.

Тој смета дека овие цени, кои Падарската служба веќе ги објави, се симболични и земјоделците ќе може да платат.
– Се надеваме дека следната година падарите ќе добијат статус на полска полиција. Проектот се покажа како добар и веројатно ќе се преслика во другите општини – истакна Тасев.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …