Почетна / Здрава храна / Со здрава храна до здрави генерации

Со здрава храна до здрави генерации

Под мотото Со здрава храна до здрави генерациии, децата од градинката Кукушка, во организација на Битолската Млекара-БиМилк и Виталиа, а по повод 16 октомври Светскиот ден на храната, одржаа едукативна претстава во Пионерскиот дом Карпош во Скопје.

Дечињата имаа можност да ги вкусат неодоливите чоколадни млека, како и прекрасните Мусли Бар на Виталиа, кои заедно се идеална комбинација за здрав оброк .
– Грижата за децата и нивното правилно развивање, отсекогаш претставувало приоритет во нашето работење, а со нашите производи пораснаа низа генерации. БиМилк и Виталиа и во иднина ќе се трудат да укажуваат на важноста од здравите прехранбени навики и да внесуваат што е можно повеќе радост во детските срца – изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк. Здравата исхрана и здравите прехранбени навики се стекнуваат уште од најрана возраст. Неизбалансиранта исхрана кај децата креира сериозни здравствени проблеми, како прекумерна дебелина и анксиозност.
– Токму оброкот од житни снегулки со млеко е исклучително здрав оброк со богат нутритивен профил, која дава енергија и им помага на децата полесно да ги совладаат интензивните умствени и физички активности во текот на денот – изјави д-р. Деспотовска, нутриционист од Виталиа.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=D75B9FD13EB5E240A4115F5C0184FB6F

Check Also

Дуња – кралица на есенските овошја

Дуњата е овошје кое не случајно ја нарековме кралица на есенските овошја. Дуњите започнуваат да …