Комисијата за хартии од вредност (КХВ) му дозволи на Тутунски Комбинатт АД Прилеп да издаде трета емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 637.778 обични акции во вредност од 32.609.589,14 евра.
Акциите од третата емисија се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност. На овој начин ќе се намали долгот кој Тутунски Комбинаттго има кон Република Македонија по основ на јавни давачки. Оваа постапка се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски -Борчее АД Скопје, Тутунски Комбинатт АД Прилеп и Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври-Еурокомпозитии АД Прилеп. КХВ трајно и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Битола Брокерр АД Битола, поради донесена одлука за престанок со работа на брокерската куќа од страна на Собранието на акционери. Со згаснувањето на Битола Брокерр АД Битола, на македонскиот пазар на хартии од вредност работат вкупно 11 брокерски куќи и 6 овластени банки за работа со хартии од вредност.
КХВ
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=A7B391D27925EB489230E328816B455C