Во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп денеска ќе биде одбележан „Денот на јаболкото“, во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“, која се одвива под покровителство на Маја Иванова, сопруга на претседателот на Република Македонија.
Кампањата чија цел е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана, е дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која Здружението на граѓани ОХО, во соработка со Министерството за образование и наука, успешно ја реализира во сите воспитно-образовни институции во Македонија.
Во рамки на одбележувањето, учениците, вработените, родителите и соработниците на училиштето со поддршка на општината Прилеп, организираат целодневен настан со различни активности, а ќе бидат поставени и штандови со изработки во училишниот двор.
„Денот на јаболкото“ е еден од многуте јавни настани како дел од активноста Денови на овошките и зеленчуците од кампањата „Здрава храна за детство без мана“.
Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/91311-Se-odbelezuva-Denot-na-jabolkoto-vo-Prilep