Почетна / Вести Македонија / „Празијада 2012“ во кумановско Режановце

„Празијада 2012“ во кумановско Режановце

Во кумановското село Режановце во сабота ќе се оддржи манифестацијата „Празијада 2012“ преку која ќе се промовира празот како градинарска култура карактеристична за овој регион.

Посетителите на манифестацијата  ќе имаат можност да присуствуваат и на натпревар на најдобрите земјоделски производители на праз, а  домаќинките ќе презентираат традиционална храна во која основна состојка е празот.

Преку оваа манифестација се очекува да се зголеми бројот на производители на праз, промоција на оваа земјоделска култура, но и промоција на здрав начин на исхрана.

– Манифестацијата има за цел повторно да го зголеми производството на праз во селата Режановце, Опае и Лопате кои исполнуваат одлични услови за одгледување на оваа култура, но и да придонесе за развој на руралниот туризам, рече Трајан Димковски, претседател на месната заедница Режановце.

Манифестацијата „Празијадата“ ја организира месната заедница Режановце во соработка со еколошките здруженија „Еко Гард“, со поддршка на општина Куманово.

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/91261-Prazijada-2012-vo-kumanovsko-Rezanovce

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …