Почетна / Вести Македонија / Ќе се укинува владината мерка за условен увоз на брашно

Ќе се укинува владината мерка за условен увоз на брашно

Ќе се укинува владината мерка за условен увоз на брашно со откуп на домашна пченица. Според министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, за ова е дискутирано во Владата откако биле изнесени и образложени сите аргументи за состојбата во мелничката индустрија.

– Имавме квалитетна дискусија на која утврдивме дека постои простор за укинување на мерката за да може да се дозволи увоз на брашно – изјави Димовски кој напомена дека брашното што ќе се увезува ќе мора да биде квалитетно согласно Правилникот.

Тој е дециден дека нема д аима отстапки.
-Секој што мисли дека во Македонија може да се пласира брашно со несоодветен квалитет, се излажал. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши ригорозни контроли на сите испораки и увозни пратки – истакна Димовски кој најави дека од почетокот на идната година уште повеќе ќе се заострат критериумите за увоз на брашно во однос на квалитетот.
Мерката што ја воведе Владата пред жетвата, која ги обврзуваше трговците за секој килограм увезено брашно да купат четири килограми домашна пченица, беше со цел заштита на домашното производство и одржливост на мелничко-пекарскиот сектор.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=4A7FE83DADF6A5418D23793CC924D3D9

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …