Почетна / Сточарство / Само 9% од македонското млеко погодно за во ЕУ

Само 9% од македонското млеко погодно за во ЕУ

Само 9 проценти од домашното млеко ги задоволува европските стандарди за квалитет, а таа состојба  треба да се промени за седум години преку стратегијата што ја подготви Министерството за земјоделство.

 Станува збор за стратешки документ кој го трасира развојот на млекопроизводството, подигнувањето на неговиот квалитет и задоволувањето на условите што ги бара Европската унија. Се надеваме дека до 2020 година ќе ги исполниме сите потребни стандарди и критеруми – изјави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

За целосна контрола на млекото се планира двојно поголем број лаборатории, а ќе се формираат две тела за акредитација.
Според земјоделците и експертите, стандардите ќе можат да се постигнат само ако се внимава на хигиената со обезбедување на добра храна.

Во стратегијата се планира субвенциите наместо по литар да се доделуваат според квалитетот на млекото. Сточарите ќе имаат 2 години да се прилагодат кон производство кое ќе ги задоволува стандардите.

 

извор: www.dnevnik.com.mk

Check Also

Во Дебар се продава добиток по улици

Дебарските сточари се принудени да го продаваат добитокот на диви пазари низ градот бидејќи на …