Почетна / Сточарство / БиМилк ги отвора вратите за посетители

БиМилк ги отвора вратите за посетители

Најголемата домашна млекарска индустрија БиМилк утре од 11 до 13 часот ќе ги отвори вратите за сите оние што се заинтересирани да дојдат во посета. Истиот ден Битолската млекара ќе ја посетат и холандскиот амбасадор и германскиот заменик-амбасадор.

Покрај светскиот ден на квалитет, мотив за нивната посета е и увозот на нови 130 висококвалитетни јуници со германско потекло.
-Како општествено одговорна компанија, која произведува квалитетни и безбедни производи, сакаме да им овозможиме на граѓаните директно да се запознаат и информираат за процесите на производство на познатите БиМилк млечни производи. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со условите на производство, каде годишно се преработуваат над 65 милиони литри млеко, како и да бидат информирани за современата и софистицирана технологија која овозможува БиМилк во континуитет да произведува повеќе од 55 различни производи – велат од БиМилк. Роко Водопија, генерален менаџер на Млекара Битола вели дека во БиМилк постои целосно автоматизиран процес на производство.
-Од обезбедените лактофризети, млекото директно се пренесува во производните погони, дополнително се прават контроли во повеќе фази. БиМилк ефективно ги имплементира и применува Хасап стандардите, го има добиено највисокиот ИСО 22.000 стандард за безбедност на производот, кој го вклучува и ИСО 9.001 стандардот, сертификатот ИСО 14.000 и имплементација на ИФС-системот, а одржувањето на високиот квалитет на производите и понатаму ќе биде основна цел на сите понатамошни инвестициони активност – изјави Водопија.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=C7FBB435D8E1DC48818C11BE13860691

Check Also

Во Дебар се продава добиток по улици

Дебарските сточари се принудени да го продаваат добитокот на диви пазари низ градот бидејќи на …