Кавадарчани да внимаваат оти се краде ракија од подрумите. Вакво предупредување дојде од полициската станица Кавадарци откако зачестиле кражбите на алкохол од домашните визби на тиквешани.
Полицијата побара помош и од граѓаните. Да преземат посериозни мерки за обезбедување на својот движен и недвижен имот како би се намалил ризикот од кражби.
– Сигурни сме дека со заедничка соработка превентивно ќе делуваме и навреме ќе ги санкционираме овие кривични дела -велат од полициската станица со општа надлежност од Кавадарци.
С.Д.
Извор: http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=69B68A47A247CB4B82917676535C50C2