Пчелите и цвеќињата комуницираат благодарение на електрицитетот, тврдат британските научници.Kако што се наведува во студијата објавена во „Science Express“, цвеќињата емитуваат електрично поле кое на инсектите запрашувачи им сигнализира присуство на нектар.
– Кога пчелата му се приближуваат на цветот, видливи се зрнца полен кои скокаат на неа пред таа да се спушти на растението. Тоа е зачудувачки, вели предводникот на истражувањето Даниел Роберт од универзитетот во Бристол. Роберт објаснува дека феноменот е резултат во разликата на во електричниот набој на растението и инсектот. Пчелата има позитивен набој, додека цветот емитува слабо електрично поле со негативен набој кој делува како сигнал кој се испраќа до пчелата. Кога пчелата ќе го посети цветот, тој автоматски губи добар дел од својот електричен набој. Доколку цветот е наелектризиран, тоа значи дека содржи нектар. Во спротивност, пчелата добива информација дека скапоцената слатка течност е потрошена и оти треба да побара друг цвет.
– Цветот не може да ги излаже инсектите. Во негов интерес е да не ги лаже. Тоа е нашата хипотеза, велат британските научници, додавајќи дека уште не се знае како инсектот прима сигнал и оти тоа прашање ќе биде тема на нивното следно истражување.
За да дојдат до овој заклучок, истражувачите набљудувале над 200 пчели додека собирале полен од петунии.
Извор: Идивиди