Почетна / Пчеларство / Медот како превентивен „лек“ во зимските месеци

Медот како превентивен „лек“ во зимските месеци

Медот е еден од најлековитите средства со најдолга медицинска традиција. Овој драгоцен природен производ може да се користи на многу различни начини за разни видови тегоби.

Освен тоа, медот е многу подобро решение од мармаладите или чоколадните кремови кои децата ги сакаат.

Меѓутоа, треба да знаете дека медот има речиси иста калориска вредност како и белиот шеќер, затоа треба да го избегнуваат лицата коишто имаат дијабетес (шеќерна болест). Нутриционистите препорачуваат полесни медови, како од багрем за децата и помладите луѓе, додека потешките, (од борови иглички), не се препорачува кај оваа популација.

Медот во комбинација со други здрави производи може да ви помогне во превенцијата и заздравувањето од многу болести.

Ако сакате да имате здрави заби и цврсто непце, забите треба да ги миете три пати на ден, да ги чистите со забен конец и редовно да посетувате стоматолог. Хигиената на усната празнина е многи важна, бидејќи бактериите можат да предзивикаат кариес, воспаление на непцето и непријатен здив. Против нивното размножување помага и медот, со кој треба да ги истриете забите од време на време. Медот се користи и за намалување на желудочната киселина и за лекување на чир. 
Ако измешате една лажичка мед со лимон, ќе добиете одличен сируп за лекување на грлото и на упорната кашлица. Лековитоста на медот е потврдена и кај заштитата од бактериски инфекции, односно во лекувањето на уринарните тегоби и намалувањето на нивото на лошиот холестерол. Консумирањето мед ги јакне белите крвни зрнца и ја поттикнува борбата против вирусните инфекции, како и против бактериските болести.
Медот помешан со цимет се употребува за лекување на униранарните инфекции. Две лажички цимет и една лажичка мед помешани во чаша вода го поттикнуваат уништувањето на микробите присутни во мокрачниот меур. 

Кашлањето ќе го излекувате со чист мед. Земете една лажица мед и пуштете го полека да ви лизга низ грлото. Најделотворен е медот од мајчина душичка, липа, бор, планинско – ливадскиот, како и шумскиот.
Против здодевната и непријатна кивавица, правете инхалации со мед. Додадете 100 г мед во еден литар врела вода. Најпогоден за инхалација е медот од жалфија и мајчина душичка. При инхалирањето обратете внимание на следното – пет минути вдишувајте ја пареата преку нос и издишувајте преку уста, а потоа уште пет минути со обратен редослед.
Идеално средство за воспалено грло е мешавината од мед и ананас. Потребни ви се едно дебело парче ананас, една лажица мед и вода. Варете го ананасот десет минути во малку вода, оставете го да се излади, а потоа додадете го медот. Со оваа добиена течност плакнете го грлото околу две минути, а потоа голтнете ја. Оваа постапка применувајте ја повеќе пати дневно во период од една недела.
Доколку имате проблеми со астмата, ќе ви помогне домашен гел од мед. Ситно исечкајте една главичка кромид и две парчиња лук, потоа додадете една лажичка мајчина душичка и четири лажици мов. Оваа смеса ставете ја да се вари во 400 мл вода, а кога ќе зоврие, оставете ја да се излади и дури тогаш додадете 200 г мед. Во текот на денот, консумирајте повеќе пати по една полна лажица, бидејќи делува смирувачки.

извор: www.plusinfo.mk

Check Also

Македонскиот мед е најквалитетен во Европа

        Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Битола …