Почетна / Занимливости / Земјоделството и љубовта

Земјоделството и љубовта

Уште од античко време храната цврсто била поврзувана со сексот бидејќи со нејзина помош се зголемува сексуалната издржливост и се подобрува либидото. Целерот, авокадото, бананите, бадемите, смоквите, аспарагусот, чоколадото, јајцата и медот се само некои од афродизијаците кои ќе ви го подобрат сексуалниот живот.

Бадемите содржат здрави маснотии кои му помагаат на мозокот подобро да функционира. Всушност тие здрави масти се одговорни за произведување на машките хормони. Исто така истражувањата покажале дека мирисот на бадемот кај жените буди сексуална возбуда.

Древните Ацтеки, дрвото на авокадото го нарекувале „ахуацатл“ што значи „дрво на тестиси“. Научно тој назив целосно е оправдан. Имено, авокадото го буди либидото и кај мажите и кај жените. Некои велат дека нема подобар афродизијак.

Кога станува збор за целерот, сигурно не ви паѓа прво на памет кога размислувате за сексот, може да биде одличен извор на сексуално возбудување. Тој содржи андростерон, машки хормон кој се ослободува со потта и кој наводно силно ги возбудува жените.

Дури и лукот спаѓа во супер намирници кои го подобруваат сексуалниот живот. Тој содржи алицин, хемикалија која го зголемува протокот на крвта во половите органи.

Рајското овошје, смоквите, се богати со аминокиселини кои го зголемуваат либидото и ја подобруваат сексуалната издржливост. Свежите смокви отсекогаш се доживувани како многу „сензуални“.

Јајцата се богати со витамините Б6 и Б5 кои помагаат во одржувањето на стабилното ниво на хормони задолжени за стрес и за борба. Станува збор за хормоните кои се клучни за здраво функционирање на либидото. Некои јадат и сирови јајца за да го зголемат либидото и да ја зголемат енергијата во телото.

Бананите го содржат ензимот бромелин кој го зголемува машкото либидо. Богати се со калиум и рибофлавин кој дава енергија. Бананите, секако помагаат и при проблеми со импотенција.

Чоколадото го содржи алкалоидот теобромин кој е сличен на кофеинот и фенилетиламинот. Всушност тој алкалоид е одговорен за чувството на заљубеност. Чоколадото се смета и за намирница која потсетува на секс.

Медот, пак, содржи борон кој помага при создавањето на женскиот хормон, естроген. Исто така докажано е дека медот го подига нивото на тестостеронот кај мажите. Медот често се користи и во сексуалните игри.

Check Also

Задолжително купете една од овие билки за свеж воздух во домот

Колку и да се грижиме за хигиената во нашиот дом, во него сепак постојат отрови …