Индискиот министер за земјоделство Sharad Pawar изјави дека во земјоделската 2011-2012 година очекуваат рекордно производство на житни култури од 252,6 милиони тони, а се очекува невиден принос и на пченица, ориз и памук.
Во едно интервју со претставници на Горниот дом на индискиот Парламент, Pawar изјави дека во земјоделската година 2011-2012 (јули 2011 – јуни 2012 година) ќе го надминат и минатогодишниот принос од 235,9 милиони тони.
Се очекува производството на пченица да достигне 90,2 милиони тони во однос на 84,3 милиони тони од минатата година. Производството на ориз се очекува да биде 103,4 милиони тони во споредба со 94,1 милион тони од минатогодишното производство. Производството на памук од 35,2 милиони бали (1 бала=170 kg) ќе го надмине минатогодишното производство од 33,9 милиони бали.