Почетна / Вести Свет / Месо со ознака- “за поголема заштита на животните”

Месо со ознака- “за поголема заштита на животните”

Хумано управување со животните и фер цени – Германското друштво за заштита на животните, заедно со земјоделците и супермаркети, планира да воведе етикета со која ќе ја гарантираат заштитата на животните.

Т.н. био производи се трендовски, но нивниот удел на пазарот е мал. Кога станува збор за месо, процентот е помал од еден процент од вкупниот обрт. Покрај тоа, биолошкото месо, кратко био, автоматски не значи дека животните се чуваат како што налага нивниот вид. Наскоро тоа треба да се менува со воведување на нов сертификат и нова ознака “за поголема заштита на животните.” Од јануари 2013 година, ознаката ќе се појави во продавниците во Германија, во две верзии.

Тесниот простор предизвикува агресија

Германскиот претседател на заштита на животните Томас Шредер вели дека овој сертификат налага животните да се чуваат во подобри услови од она што се бара во закон за заштита на животни. ” Животните ќе имаат повеќе простор и поголема слобода на движење”, изјави тој во интервју за Дојче Веле.

За да ви ја претставам разликата во однос на традиционалното сточарство тој наведува пример за живина: “Замислете кога на еден квадратен метар се наоѓаат 24 кокошки.Според новиот сертификат, само половина од оваа бројка е дозволена и дури тоа е претесно “, рече тој. Сепак, воведувањето на слобода на движење и живот во природна хиерархија ќе доведе до намалување на агресијата. Селаните не мораат да го запрат да им ги отсекуваат клуновите. Сето ова се однесува само за првиот степен на сертификација. За вториот степен на животните мора да има се овозможи уште поголем простор.

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …