Околу 300 тони струмички домати се вратени од Русија и од Украина поради постоење на штетниот тута- апсолута.
Македонските фитопатолози пуштиле петнаесетината шлепери со сомнителните домати да ја поминат границата иако станува збор за карантински штетник кој не смее да се извезува од една до друга земја. Сепак, руско- украинските гранични контроли за безбедност на храната ги идентификувале заболените домати и ги издвоиле камионите каде е проширен штетникот.
Доматите се од неколку откупни пунктови од струмичко. Експертите велат дека земјоделците треба да водат поголема грижа во контролирањето на штетникот тута- апсолута бидејќи годинава имало негова експанзија.
Извори за Канал 5 тврдат дека по враќањето доматите со тута- апсолута завршиле на македонскиот пазар што е една од причините за драстичниот пад на цената на есенскиот домат.
Струмичките земјоделски здруженија за утре закажаа прес конференција на која ќе се изјаснат за случајот со вратените домати.
Сузана Мицева
Извор: www.kanal5.com.mk