Почетна / Градинарство / Берба на бел корен (пашканат)- Pastinaca sativa

Берба на бел корен (пашканат)- Pastinaca sativa

Полната технолошка зрелост  белиот корен ја достигнува  кога ќе заврши со акумулирање на хранливите материи односно во доцна есен. Процентот на суви материи достигнува 18-22%.

 За продавање на пазарите бербата може да се изврши и порано кога ќе достигне пречник како коренот на магдоносот.

Ако се одгледува на поголеми површини за берба се користи комбајн за морков и шеќерна репа. Приносот може да достигне и до 50 тони корен по хектар. Ако белиот корен не се извади во есен слободно може да остане во почвата и да се вади по потреба во текот на зимата и рана пролет, пред да пушти нови листови.

Исто како и морковот, здравиот и неоштетен пашканат се чува во трапови или подруми. Температурата на складирање е околу 0⁰С и релативна влажност на воздухот 95%.

Check Also

Краставица- Cucumis sativus

Потекло Краставицата спаѓа во фамилија Cucurbitaceae, потекнува од влажните делови на Индија. Во Европа е …