Светските цени на храна опаднаа за 1% благодарејќи на поевтинувањето на житариците, маслото и мастите кои во минатиот месец забележуваа раст од 1,4%, соопшти FAO.
Индексот на цената на храната според FAO изнесувала 213 поени, што е за два поени односно 1% понизок во споредба со септември.
“Намалувањето на цената на житариците, маслото и мастите, го неутрализираа порастот на цената на шеќерот и млечните производи, додека цената на месото стагнираше” стои во месечниот извештај на FAO.
Во октомври индексот на цената на житариците во просек изнесувала 259 поени што е за 3 поени или 1,2% пониска од месец септември, додека просекот на цената на маслото и мастите опаднала за 18 поени.
Според FAO цената на потрошувачката кошничка со основни прехрамбени производи, во првите десет месеци од оваа година е за 8 % пониска во споредба со истите месеци од минатата година.