Почетна / Агроекономија и агробизнис / Зголемен откупот и продажбата на земјоделските производи за 10%

Зголемен откупот и продажбата на земјоделските производи за 10%

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември годинава изнесува 811.233.000 денари што претставува зголемување за 10% во споредба со септември лани, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 12,4%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е зголемена за 33%.

Зголемување на вкупниот откуп и продажба стататистика забележува кај житата, индустриските растенија, грозјето, добитокот, живината и јајцата, млекото и рибата, а намалување кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци и млечните производи.

Check Also

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен”

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен“   18-ти мај …