Почетна / Градинарство / Салата (Lactuca sativa)- услови за одгледување

Салата (Lactuca sativa)- услови за одгледување

Почва

Салатата најдобро успева на хумусни и влажни почви, со добра структура и рН слабо кисела до неутрална.

Оптималната рН за одгледување на салата е 6-7. На кисели почви многу бавно расте и  дава низок принос, веќе рН 5,5 е критичен за одгледување на ова растение.  Добри почви за одгледување на салата се алувијални, черноземи и ридски црници. Почвата треба да биде добро дренирана, најдобро со благ наклон на југ.

Ѓубрење

Со ѓубрење треба да се започне пред есенската обработка со ѓубрење со арско ѓубриво 30-40 t/ha и една третина од P и K ѓубрива. Другите две третини од NPK ѓубривото се нанесуваат со предсеидбената припрема, а едната третина азот се чува за прихрана доколку има потреба. Со природната плодност и ѓубрењето треба да обезбедите 100-150 kg азот и 150-200 kg фосфор и калиум по хектар. Доколку почвата е сиромашна со магнезиум се додава и овој елемент.  Прихранување со KAN или уреа се врши доколку сакаме поголема лисна маса.

Вода

Водата е неопходна за одгледување на салата бидејќи има многу плиток и  разгранет коренов систем. Оптималната влажност на површинскиот слој е 80% ПВК (полски воден капацитет). Преголема влажност на почвата и интензивно ѓубрење со азот овозможуваат услови за развој на болести.

Автор: www.agri.mk

Check Also

Краставица- Cucumis sativus

Потекло Краставицата спаѓа во фамилија Cucurbitaceae, потекнува од влажните делови на Индија. Во Европа е …