Почетна / Агроекономија и агробизнис / Трпезното грозје наскоро на словачките трпези

Трпезното грозје наскоро на словачките трпези

Во Словачка има простор за пласман на македонски производи, пред се заради климата која дозволува и по два месеци порано да се реализира производството.

Словачка е заинтересирана за увезува грозје, вино, зеленчук и овошје, но и органска храна и екопроизводи, вели амбасадорот на Словачка, Роберт Кирнаг.Македонското трпезно грозје наскоро ќе се најде на словачкиот пазар, бидејќи тоа има квалитет и може да конкурира со популарни цени. Словачкиот пазар ги отвори вратите за македонското свежото овошје, раниот зеленчук, грозјето, виното и органската храна, но сепак домашните трговци треба да го кажат последниот збор. На темата како да се подобри бизнис климата во земјоделскиот сектор се разговараше вчера во Стопанската комора на Македонија, каде се сретнаа домашните и словачките производители и дистрибутери на земјоделски производ. Средбата беше организирана и е дел од АгБиз програмата на УСАИД
За амбасадорот на Словачка во Македонија, Роберт Кирнаг, ова е одлична можност да се запознаат производителите и трговците, бидејќи околу 80 до 90 отсто од овошјето и зеленчукот во Словачка се продава преку синџирите маркети.
-Тоа е начинот на кој македонските производители и дистрибутери можат да влезат на нашиот пазар со трпезното грозје. Во Словачка има простор за пласман на македонски производи, пред се заради климата која дозволува и по два месеци порано да се реализира производството. Словачка е заинтересирана за увезува грозје, вино, зеленчук и овошје, но и органска храна и екопроизводи – вели амбасадорот Кирнаг. Тој кажа дека тие увезуваат од Италија, Шпанија, Чиле, Аргентина, Југоисточна Австралија, Калифорнија, Јужна Африка и македонските трговци со нив ќе треба да се натпреваруваат.

За претседателот на Федерацијата на фармери, Андрија Секуловски кај македонските земјоделски производи мора да се почитуваат правилата на производниот процес: берба, складирање, пакување, транспорт и да се употребуваат соодветни мерки за заштита.
-Треба да се работи на економски анализи и на следење на цените, сите инволвирани: земјоделците, преработувачите и откупувачите да ја знаат состојбата на пазарите – смета Секуловски.

Радин Ханѕлик од Хортинг интернешнал од Словачка потврди дека се дојдени во Македонија за изнаоѓање партнери и унапредување на соработката. Во нивниот фокус е трпезното грозје кое во моментов го увезуваат од Италија.

Македонија произведува од 200.000 до 250.000 тони грозје од кое околу 70.000 е трпезно. Извозот е 40.000 тони во вредност од 18 милиони американски долари. Увозници се главно земјите од регионот, Русија, Летонија, Литванија, Чешка, Косово и Словачка со минимални количини од 300 тони.

(В.Ма.)


Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=5965659EC44AAD4BA15A500A4D80AAEF

Check Also

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен”

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен“   18-ти мај …