Почетна / Вести Свет / Поврзана ли е млечната афера со увозот на млеко во прав?

Поврзана ли е млечната афера со увозот на млеко во прав?

Пред избивањето на скандалот со млекото затруено со афлатоксин, во добро информирани кругови можеше да се слушне дека во Србија, уште во почетокот на февруари, влегол поголем контингент млеко во прав.

Оваа информација, како што пишуваат српските медиуми, отвори оправдано сомневање дека одредени кругови на овој начин вешто планирале да се збогатат, а покрај млекото во прав, се сомнева и на увозници на добиточна храна, кои, благодарејќи на оваа афера, сега би можеле добро да се збогатат.

И додека државните органи моментно истражуваат, од Царината тврдат дека увезените количества млеко во прав не отскокнуваат многу од просекот.

– Увоз на млеко во прав во последните петнаесетина месеци се одвива со исто темпо и во релативно вообичаени количества. Најмногу се увезува млеко во прав во амбалажа од 2,5 килограма, со маснотија од 1,5 отсто и без шеќер, а кои се користат во прехранбената индустрија. Во период од 5 до 20 февруари, најмногу го имаат увезено „Свислион“ – 5,4 тони, „Соко Штарк“ – 2,2 тони, „Д-р Еткер“ -2,2 тони и „Фриком“ -2,15 тони, соопштија од Царинската управа.

Според нивната статистика, најголеми количества млеко во прав во февруари се увезени од Полска и од Чешка.

Владата на Србија соопшти дека се сомнева дека околу целата приказна стои увозничко лоби кое би сакало генетски модифицираната храна да дојде на српскиот пазар, но никако не излегува со официјални податоци за тоа кој припаѓа на наводното „увозничко лоби“.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …